сабота, 19 октомври 2024

Мекиќ: Естонија е фаворит, но играме на домашен терен и треба да победиме

Адем Мекиќ кој се враќа во репрезентацијата откако летоска ги пропушти олимписките квалификации во Талин, вели дека Естонија е фаворит, но Македонија игра дома и целта е да се добие престојниот натпревар.

Објавено на

часот

Сподели

Македонските кошаркари се подготвуваат за натпреварите со Естонија и Полска од квалификациите за ЕП 2025. Дуелот со Естонците кој го играме во Скопје може да се покаже и како клучен за пласман на Евробаскетот, па притисокот врз кошаркарите ќе биде голем.

Еден од адутите на селекторот Јончевски треба да биде Адем Мекиќ кој во Скопје пристигна по освоениот Куп на Хрватска со тимот на Задар.

„Естонија е репрезентација која е многу агресивна, која игра брза и атрактивна кошарка и е во постојан напредок последните години. Но, ние сме домаќини, играме на домашен терен, имаме релативно млада екипа, надополнета со неколку искусни кошаркари. Мораме да излеземе максимално подготвени, верувам во целата екипа, имаме играчи како Ненад Димитријевиќ, Војдан и Дамјан Стојановски, Бојан Крстевски… кои се мошне искусни и квалитетни, а надополнети со неколку млади и квалитетни кошаркари“, вели Мекиќ.

„Фаворитската улога би ѝја префрлил на Естонија. Добро е тоа што овие натпревари доаѓаат по завршницата на Купот на Македонија бидејќи е јасно дека формата е темпирана за овој период, но од друга страна постои физички замор и емотивна исцрпеност. Ќе видиме како сето тоа ќе се одрази на теренот и каква ни е физичката подготвеност во моментов“.

Натпреварот меѓу Македонија и Естонија се игра во петок со почеток од 19 часот во СРЦ „Кале“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ