вторник, 22 октомври 2024

Меџити: Време е ДУИ да почне да се однесува како конструктивна опозиција

Го повикувам раководството на ДУИ да ја прифати реалноста, се вели во реакцијата на Изет Меџити, првиот човек на Демократското движење, кој на својот фејсбук-профил реагираше на изјавите на претседателот на ДУИ, Али Ахмети дека премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го почитувале легитимитетот на гласачите Албанци.

Објавено на

часот

Сподели

„Го повикуваме раководството на ДУИ да ја прифати реалноста, да почне да се однесува како конструктивна опозиција, како што се однесуваат нормалните политички партии во која било земја во светот и да почне да го прави тоа со почитување на основното правило на демократијата за почитување на изборниот резултат, да се почитува парламентарното мнозинство и правилата за првите 100 дена“, порача Меџити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ