Како што информираат од министерството со кое раководи Меџити, на средбата се разговарало за реализација на проекти во интерес на граѓаните на главните градови.
–
Меџити рекол дека топлото гостопримство и впечатоците од страна на Велиај се доказ за длабоките и братски врски што обединуваат и дека средбата ја зајакнува посветеноста за соработка и заеднички развој.
Градоначалникот на Тирана Велиај, пак, како што е пренесено во соопштението, истакнал дека сега мора да се работи за новата генерација Албанци, за дигитална генерација која, како што рекол, иако доаѓа од мали земји, е подготвена со своето знаење длабоко да навлезе во светот.
„Секогаш сте добредојдени во Тирана, нашата врата е отворена за нашите браќа и сестри Албанци од Северна Македонија’“, рекол Ерјон Велиај.