петок, 25 октомври 2024
Примопредавање на министерска функција

Meџити ја презеде министерската функција и ѝ се заблагодари на Шукова за придонесот

Новименуваниот министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, лидер на Демократско движење денеска ја презеде функцијата од досегашната министерка Каја Шукова. Меџити изјави дека ѝ се заблагодарил на Шукова за нејзиниот придонес во ресорот. Шукова го информираше Меџити за тековните процеси и актуелните предизвици во животнтата средина и му посака успех во извршувањето на функцијата.

Објавено на

часот

Сподели

Министерот Меџити најави дека во иднина Министерството за животна средина и просторно планирање ќе предлага и спроведува политики за подобрување на животната средина и на квалитетот на животот на граѓаните како апсолутен приоритет и дека во овој предизвик Владата ќе биде заедно со граѓаните и граѓанскиот сектор за секоја иницијатива која за цел го има општото добро.

Инаку, Меџити во Владата на Мицкоски ја има и функцијата вицепремиер за политички систем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ