недела, 21 јули 2024
Изјави на првиот вицепремиер

Меџити: Балансерот имаше контрафункција, ќе ја унапредиме правичната застапеност

Имавме многу случаи кога Македонец се пријавуваше како Албанец, Турчин, Влав…, кога требаше да се вработи, а тоа значи дека Балансерот беше во контрафункција, изјави вицепремиерот Изет Меџити додавајќи дека овој инструмент не се укинува, туку дека ќе се унапредува правичната застапеност.

Објавено на

часот

Сподели

Meџити коментирајќи го тргањето на нерезидентното население од балансерот, нагласи дека тој не се укинува.

„Не се укинува балансерот туку се унапредува и тоа ќе биде во својство на закон за правична застапеност. Така што, тоа ќе биде во интерес на мултикултурната и мултиетничка држава Северна Македонија“, рече Меџити, кој заедно министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу и пратеникот Беким Сали денеска се сретнаа со претставниците на Здружението на пензионери на Чаир.

Тој потенцира дека механизмот првично по 2001 година бил во функција на застапеност на помалите заедници, но последните години, како што рече, имал контраефект, лица да се пријавуваат на конкурси за работа, а да пријавуваат друга етничка припадност.

Меџити не соопшти до каде е процедурата за Законот за локална самоуправа, туку само потсети за што се однесуваат измените на овој закон.

„Прво, за локалната самоуправа ќе биде во интерес на граѓаните и на државата да немаат дополнителни трошоци бидејќи нема логика во една година да има двапати избори. Само од таа причина и тоа ќе се однесува на некои општини од позицијата и на опозицијата. Значи, не е во интерес на Владата, туку е во интерес на граѓаните и државата да нема дополнителни трошоци“, рече Меџити..

На новинарско прашање зошто имаше потреба да се врати оградата пред владината зграда, Меџити со одговор дека тоа е техничко прашање.

„Тоа е техничка работа. Не вреди да се зборува толку многу за оградата. Значи, оградата е таму, наместо полициските сили постојано да чуваат бидејќи постојано има протести“, рече тој.

На новинарско прашање дали се очекуваат и протести од коалицијата Европски фронт, Меџити одговори негативно, велејќи дека тие се изморени.

Во врска со најавите за целосно распуштање на Судскиот совет, Меџити рече дека меѓународниот фактор и експертите констатирале дека Македонија изминатите години се соочува со епидемија на корупција, која го зафатила и судството, поради што граѓаните ја изгубиле довербата и само 3 отсто веруваат во судството и обвинителството.

„Во Владата ги земаме предвид предлозите на нашите на стратешките партнери за најдобрата форма во судството и за враќање на правната држава, бидејќи тоа е еден од најважните столбови на една нормална држава и за онаму за каде што претендираме“, ЕУ, рече Меџити.

Тој одговори потврдно во врска со тоа дали постои иницијатива за враќање на одредбите во Кривичниот законик, а кои се однесуваат на злоупотребата на службената должност.

„Да. Мислам дека измената на Кривичниот законик беше во функција на некои функционери кои во минатото бегаа од државата, бегаа од судството. Тоа беше помош, лоша порака за корупција. Тоа беше индиректна поддршка за корупцијата. Мислам дека сериозно ќе размислиме да се врати правната држава и да се направат потребните измени согласно кои секој што постапил противзаконски, да одговара пред правосудните органи, рече Меџити во врска со измените на Кривичниот законик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ