сабота, 19 октомври 2024

Медведев за Додик: Вие сте еден од ретките лидери во Европа со мудра политика

Претседателот на Република Српска и лидер на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) му се заблагодари на поранешниот руски претседател на честитката по повод неговиот реизбор како лидер на партијата.

Објавено на

часот

Сподели

Дмитриј Медведев, кој сега е заменик претседател на Советот за национална безбедност на Русија, во честитката до Додик истакна дека тој е еден од „ретките лидери во современа Европа кој води врамнотежена и мудра политика“.

Медведев кажа дека високо го цени придонесот на СНСД во развојот на стратегиското партнерство на Русија и Република Српска и јакнењето на повеќевековните пријателски врски кои ги спојуваат братските народи. Медведев порача дека реизборот на Додик е јасен доказ за поддршката на членовите на партијата за насоката која тој ја спроведува.

„Вие сте еден од ретките лидери во современа Европа кој спроведува врамнотежена и мудра политика, раководејќи се пред сè од насоката на граѓаните на својата држава. Честитаме и го делиме принципиелниот став да се афирмира воената неутралност на БиХ, да се јакне суверенитетот на земјата и таа да се ослободи од надворешното менторство“, напиша Медведев.

Тој на Додик му посака добро здравје и нови успеси во јакнењето на правото и заштитата на интересите на РС и нејзините граѓани.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ