петок, 18 октомври 2024

Медведев се закани со нуклеарен напад: „Ризикувате активирање на параграфот 19“

Обидите на Киев да ги уништи руските ракетни лансери со западни проектили со долг дострел би можеле да предизвикаат нуклеарен одговор, порача заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ако може да му се верува на Киев, напиша Медведев на Телеграм, „најдобриот метод за борба против Москва е уништување на лансерите на територијата на Русија со проектили со долг дострел кои му ги обезбедил Западот“.

„Што значи тоа? Само едно. Тие ќе ризикуваат активирање на параграфот 19 од основните принципи на руската државна политика за нуклеарно одвраќање: „Агресија против Русија со употреба на конвенционално оружје кога самата егзистенција на државата е загрозена“, порача Медведев.

Напомена дека нападите на руските ракетни лансери немаат никаква врска со правото на самоодбрана. Истакна дека Киев со тоа всушност јасно би ѝ дал оправдување на Москва да употреби нуклеарно оружје. „Тоа би требало да го имаат на ум сите наследници на Хитлер, Мусолини, Петан и другите во денешна Европа која ги поддржува нацистите во Киев“, заклучи поранешниот руски претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ