сабота, 19 октомври 2024

Медведев: Русија ќе постигне мир по свои услови

Објавено на

часот

Сподели

По повод годишнината од конфликтот меѓу Грузија и Јужна Осетија, Медведев на Телеграм напиша дека „како и во август 2008 година, непријателите ќе бидат уништени, а Русија ќе постигне мир по свои услови“.

Русија испрати војници во Јужна Осетија во август 2008 година, откако Грузија се обиде да го врати тој свој регион, кој прогласи независност во 1991 година, и ги потисна грузиските сили.

На 26 август 2008 година, Москва ја призна независноста на Јужна Осетија и Абхазија.

Грузија ги смета Абхазија и Јужна Осетија за свои региони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ