сабота, 19 октомври 2024

Медиумите во Ирак мора да го користат терминот „сексуална девијација“ наместо „хомосексуалност“

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на владата рече дека казната за прекршување на правилото сè уште не е одредена, но може да вклучува парична казна.

Ирачката Комисија за комуникации и медиуми соопшти дека исто така е забрането да се користи терминот „род“. На сите лиценцирани телефонски и интернет компании им е забрането да ги користат овие изрази во која било од мобилните апликации, пренесе Ројтерс.

Ирак експлицитно не ги криминализираше хомосексуалните односи, но моралните клаузули во кривичниот законик се користат против ЛГБТ заедницата.

Големите ирачки партии ги засилија критиките на сметка на ЛГБТ правата во последните два месеци, а знамињата со виножито редовно се палат на протестите на шиитските муслимански фракции како одговор на неодамнешното палење на Куранот во Шведска и Данска.

Повеќе од шеесет земји во светот ги криминализираат хомосексуалните односи, а повеќе од 130 земји ги дозволуваат, според веб-страницата Аур ворлд ин дејта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ