„Сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчиниот јазик, бидејќи тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. Знаењето и негувањето на мајчиниот јазик за децата значи и јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет“, пиши во честитката на Друштвото, потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.
Од Друштвото посочуваат дека треба да се научат и други јазици, затоа што јазичната разновидност е алатка за стекнување поголемо меѓукултурно разбирање и важен дел од богатото наследство на европскиот континент.
Според Друштвото, за жал и во 21 век Македонците во Албанија не може да се образуваат на мајчиниот јазик.
„И покрај континуираните барања во изминатите повеќе од три децении од падот на тоталитарниот режим да се овозможи настава на мајчин македонски јазик, сите досегашни албански власти остануваат глуви и слепи на реалноста. Освен за децата во Пустец иако и таму нецелосно, настава на македонски јазик нема ниту во Гора, ниту во Голо Брдо, каде настава на македонски имало до педесеттите години од минатиот век, а да не зборуваме за Тирана, Елбасан и други градови каде што живеат илјадници Македонци“, забележува друштвото Илинден.