Минатото лето Мбапе стави потпис на нов договор со ПСЖ со трајност до јуни 2024 година во кој има опција и за уште една дополнителна сезона.
Мбапе денеска со писмо му соопштил на ПСЖ дека нема намера да ја искористи таа опција, а тоа значи дека неговиот договор ќе заврши во 2024.
Ова го става ПСЖ во позиција да размислува дали да го продаде својот напаѓач уште ова лето.
Ако го продадат ова лето ќе можат да заработат на неговото заминување, во спротивно тој ќе замине како слободен играч во 2024 година.
Мбапе брзо откако го потпиша новиот договор со ПСЖ си ја сфати грешката, па сега сака колку што е можно побрзо да ја поправи и да замине во Реал Мадрид.