недела, 21 јули 2024
Се зголемува тензијата

Мбапе се огласи и го објасни својот потег: ПСЖ уште во јули 2022 знаеше што сум одлучил

Објавено на

часот

Сподели

Килијан Мбапе ја разбранува фудбалската јавност откако синоќа испрати писмо до ПСЖ и ги извести „светците“ дека нема да ја искористи опцијата со која му се продолжува договорот до јуни 2025 година.

Се шпекулира дека лидерите на ПСЖ биле шокирани и разочарани од ваквиот развој на настаните и размислуваат да го продадат фудбалерот ова лето.

Попладнево се огласи Килијан Мбапе, кој со соопштение испратено до АФП го објасни повлечениот потег.

„Лидерите на клубот уште на 15. јули 2022 година беа запознаени со мојата одлука да не го продолжам договорот до 2025 година, и вчерашното писмо беше само потврда на она што вербално им беше кажано“ – се вели во известувањето.

„Килијан Мбапе и неговата придружба до овој момент никогаш не преговарале со клубот за нов договор, контакт беше остварен пред 15 дена, но само за да им се соопшти намерата за испраќање на писмото“.

„Сакаме да појасниме дека Килијан Мбапе не побара да замине од ПСЖ ова лето, туку само го извести клубот дека нема да ја активира додатната година“.

„Мбапе и неговото семејство исто така жалат што информациите за писмото протекоа во јавноста и на тој начин се наштети угледот и сликата на играчот и се наруши односот со клубот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ