петок, 25 октомври 2024

Мажи ги тепале сопругите во семејните домови во Велес и Охрид

Две пријави за семејно насилство добила полицијата вчера, едната во Охрид, а другата во Велес. И во двата случаи жртви биле сопругите, а нападите се случувале во семејните домови.

Објавено на

часот

Сподели

Во СВР Велес, 36-годишна велешанка пријавила дека во семејниот дом, по претходна расправија, нејзиниот сопруг Л.М.(48) физички ја нападнал. Истиот ден во 14.35 часот во СВР Охрид е пријавено дека во семејниот дом, Д.А. од Охрид физички ја нападнал неговата сопруга. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ