вторник, 22 октомври 2024

Масовно пукање во Денвер, девет лица ранети, тројца во критична состојба

Објавено на

часот

Сподели

Осомничениот, кој исто така бил застрелан, е во притвор, се вели во соопштението на полицијата во Денвер. Се претпоставува дека осомничениот не е во животна опасност.

Три лица се во критична состојба по пукањето во близина на блокот 2.000 на улицата Маркет, соопшти полицијата, според АБЦ.

„Истрагата што е во тек е сложена. Прелиминарните информации укажуваат дека при расправија во која учествувале повеќе лица биле испукани неколку истрели“, се вели во соопштението на полицијата.

Пукањето се случило на околу километар и пол од Бол арената, каде што Денвер нагетс ги победија Мајами хит и ја освоија својата прва титула во НБА.

Полицијата претходно во вечерните часови затвори некои улици во центарот на градот додека голема толпа луѓе ја напуштаа областа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ