сабота, 19 октомври 2024

Маск: Анкетата одлучи, повторно ќе го активираме профилот на Алекс Џонс на Икс

Платформата за социјални медиуми Икс повторно ќе го активира профилот на американскиот теоретичар на заговори Алекс Џонс, откако анкетата спроведена меѓу корисниците на страницата го поддржа неговото враќање, изјави денеска сопственикот на Икс, Илон Маск. „Луѓето го кажаа своето мислење и така ќе биде“, објави Маск, одговарајќи на резултатите спроведени во саботата за тоа дали профилот на Џонс треба повторно да се активира.

Објавено на

часот

Сподели

До затворањето на гласањето, речиси два милиони луѓе гласаа, а околу 70 отсто од нив гласаа за враќање на Џонс.

Откако Маск ја презеде платформата, некои претходно суспендирани сметки беа повторно активирани, вклучувајќи ја и онаа на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Платформата порано позната како Твитер трајно му забрани на Џонс пристап до платформата, како и неговата веб-страница Инфоворс во 2018 година, објаснувајќи дека ги прекршува стандардните правила на однесување. Забраната доаѓа неколку недели откако Епл, Јутјуб на Алфабет и Фејсбук ги отстранија подкастите и каналите на Џонс, повикувајќи се на стандардите на заедницата.

Минатата година, на американскиот теоретичар на заговор му беше наложено да плати отштета од речиси 1,5 милијарди долари на роднините на шестгодишното момче убиено во масакрот во основното училиште Сенди Хук во 2012 година, бидејќи лажно тврдеше дека пукањето било организирано од глумци како дел од владин заговор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ