петок, 25 октомври 2024

Машко тело е пронајдено во десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“

Објавено на

часот

Сподели

По добиеното известување, вработените во водостопанската подружница од Кочани го запрeле дотокот на вода од браната Калиманци, за да може телото на удавениот да се извлече од каналот. Според сè уште непотврдени информации се работи за 29-годишен маж од Истибања.

На местото на настанот се присутни стручни екипи од полицијата и од Основното јавно обвинителство од Кочани, кои треба да направат увид и да го потврдат идентитетот на настраданиот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ