недела, 20 октомври 2024
Возбудлив крај на сезоната во Мото ГП

Мартин изгоре во желбата, Бањаја испиша историја! (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Хорхе Мартин синоќа победи во спринтот и ја намали предноста на Пеко Бањаја на 14 бода, па се очекуваше драматична битка за шампионската титула во Мото ГП на последната трка во 2023 година.

Но Шпанецот изгоре во желбата, прво направи грешка на стартот од третиот круг, и во првиот свиок се прецени на кочење, па падна дури на 8. место.

Потоа кога се обиде да надохнади за изгубеното, Хорхе Мартин се судри со Марк Маркез и ја заврши трката.

Веќе тука беше јасно дека Пеко Бањаја е старо-нов шампион, кој на крајот го потврди насловот и со триумф во Валенсија, пред Ди Џанантонио и Зарко.

Со ваквиот расплет на настаните беше испишана нова историја, Франческо Бањаја стана првиот возач на Дукати кој освоил две шампионски титули во Мото ГП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ