„Мароко не е засегната страна во овој случај, кој се однесува на Европската Унија од една страна и на ‘Полисарио’ поддржан од Алжир, од друга страна. Мароко не учествуваше во ниту една процедурална фаза и следствено, на никаков начин не е засегнато од одлуката“, се вели во соопштението на Министерството.
Сепак, „оваа одлука содржи очигледни правни грешки и сомнителни факти“, продолжува истиот извор, додавајќи дека „ова во најдобар случај означува целосно непознавање на реалноста на случајот, ако не и очигледна политичка пристрасност“.
Министерството останува на ставот дека „судот дури и си дозволи да го заземе местото на надлежните тела на ОН, со што нивните добро воспоставени позиции и пристапи се доведени во ситуација на контрадикторност. Згора на тоа, британскиот висок суд за сосема сличен случај покажа поголема проникливост, непристрасност и правно владеење“.
Според соопштението за печатот, „Мароко бара Советот, Европската комисија и земјите-членки на ЕУ да ги преземат сите неопходни мерки за да се почитуваат меѓународните обврски, да се зачуваат достигнувањата на партнерството и на Кралството, кое е партнер на ЕУ за повеќе стратешки прашања, да му го обезбедат легитимното право на правна сигурност“.
Во овој контекст, заклучува истиот извор, „Мароко ја повторува својата постојана позиција да не се потпишува било каков договор или правен инструмент што не го почитува неговиот територијален интегритет и национално единство“.