вторник, 22 октомври 2024

Марко Бислимоски е старо-новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Објавено на

часот

Сподели

Собранието во продолжението на 120. седница ги избра Кети Петкова за член на Советот за јавни обвинители и Спасе Глигоров за директор на Агенцијата за администрација.

Пратениците донесоа и одлука за испраќање на припадник на Армијата за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“ во Република Либан.

Во рамките на седницата беше отворена расправа по предлогот за именување претседател и членови на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Пратениците на опозициската ВМРО – ДПМНЕ забележаа дека иако се работи за самостојно и независно тело, сепак предложените кандидати се партиски претставници. Според нив, кандидатот за претседател на совет на експерти на ова петчлено тело, Максуд Али, бил кандидат за пратеник на СДСМ во 2014 година. Тие изразија и сомнеж дека во изборот нема доволно дефинирани критериуми што значи експерт, кој би можел да раководи со Советот на експерти.

За членови на Советот предложени се Дарко Саздов, Борче Божиновски и Марина Макенаџиева.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ