Одговарајќи на новинарско прашање за ЕУ-перспективата на Македонија, за Договорот од Преспа и евентуална средба на двајцата премиери (Мицотакис и Мицкоски), Маринакис коментираше дека му е драго што го прашуваат и што има можност да одговори од Солун.
Во одговорот Маринакис потсети дека како опозиција не гласаа за Договорот и дека тогаш Мицотакис „рече дека штом биде изгласан нема да може да се поништи“. Портпаролот на грчаката влада,уште еднаш повтори зошто Грција сè уште ги нема ратификувано меморандумите, кои се минимална обврска на Грција од Преспанакиот договор, за разлика од сите национални жртви што ги направи Македонија за негово спроведување, со цел побрзо влегување на земјата во НАТО и во ЕУ. Сепак Маринакис смета дека иако Грција не ги потпишува протоколите, „соседната земја треба да го стори она што се подразбира“.
„Почитувањето (на Договорот од Преспа) е неопходен предуслов на овој пат. За ова не се разговара, ниту пак ќе се промени нешто во оваа констатација и позиција, која е и нашата национална позиција. Размислете колку е оправдана грчката влада и лично премиерот. што не побрзаа (како што бараа други партии во грчкиот парламент) да ги ратификуваат соодветните меморандуми. Со тоа всушност ќе имаше дадено сѐ, пред нашите соседи да го имаат направено минималното. Очекуваме да го направат минималното и очигледното за да водиме кака било друга дискусија“, рече портпаролот на грчката влада Павлос Маринакис.