вторник, 22 октомври 2024

Марина Димовска е новата генерална секретарка на Собранието

Пратениците денеска ја избраа Марина Димовска за генерална секретарка на Собранието. За нејзин заменик беше избран Никола Ѓошевски. Собранието избра и шефови на неколку парламентарни делегации меѓи коу и оние на НАТО, ОБСЕ и Советот на Европа.

Објавено на

часот

Сподели

Димовска е дипломиран политиколог и магистер на економски науки од областа на меѓународна економија. Таа работи во Собранието од 2009 година.

За заменик-генерален секретар на Собранието е избран Никола Ѓошевски, кој е дипломиран правник и магистер по корпоративното право.

Во рамки на седницата беа утврдени и оставките на досегашната генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова и нејзиниот заменик Бојан Василевски, кои на 1 јули поднеле оставки на своите функции.

Собранието избра и шефови на неколку парламентарни делегации, меѓу кои, Драган Ковачки, избран за шеф на собраниската делегација за парламентарното собрание на НАТО, за членови се избрани пратениците Славјанка Петровска и Беким Сали. Марија Петрушевска е избрана за шеф на делегацијата за Советот на Европа во Стразбур, а за членови се избрани пратениците Бисера Костадиновска Стојчевска и Беким Ќоку. Моника Зајкова е избрана за шеф на делегацијата во парламентарното собрание на ОБСЕ, а членови се Никола Мицевски и Халил Снопче.

Исто така, беа констатирани и оставките на Бобан Николовски и Синиша Стојановски од функциите пратеник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ