вторник, 22 октомври 2024

Марин Лепен е под истрага за незаконски финансирана кампања

Обвинителството во Париз покрена прелиминарна истрага поради сомневање за незаконско финансирање на претседателската кампања на екстремно десничарската лидерка Марин Лепен на изборите во 2022 година.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Обвинителството во Париз потврди за Асошиејтед прес дека на 2 јули е покрената судска истрага под обвинение за примање финансиски заем, злоупотреба на имот, измама и фалсификување, без детално објаснување.

Лепен не ги коментираше обвинувањата.

Прелиминарната истрага е отворена според извештајот на Националната комисија за политичко финансирање од 2023 година, тело одговорно за следење на трошоците на кандидатите.

На изборите во Франција, на кандидатите им е забрането да надминат одредена граница за трошење.

Француските медиуми пренесуваат дека Лепен не е единствениот кандидат за претседателските избори во 2022 година, кој го издвои Националната комисија за политичко финансирање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ