вторник, 23 јули 2024

Маричиќ и Шаќири на апанажа, Груби, Османи, Пенов, Алиу, Шукова и Грковска се враќаат на старите работни места

Поранешните министри Бујар Османи, Артан Груби, Славица Грковска, Ристо Пенов, Азир Алиу и Каја Шукова нема да бараат апанажа и се враќаат на нивните поранешни работни места. Бојан Маричиќ и Јетон Шаќири веќе поднеле барања за апанажа. Другите министри од кабинетот на поранешниот премиер Димитар Ковачевски се веќе пратеници или се пензионирале.

Објавено на

часот

Сподели

Поранешните министри Фатмир Бесими, Кренар Лога и Крешник Бектеши сѐ уште не се изјасниле дали ќе побараат апанажа.

Пратеници, заедно со Ковачевски, станаа речиси сите поранешни министри од СДСМ, Оливер Спасовски, Благој Бочварски, Јованка Тренчевска, Љупчо Николовски, Фатмир Битиќи, Славјанка Петровска и ексдиректорката на УЈП Сања Лукаревска.

Груби се враќа на професорското место по новинарство на Тетовскиот универзитет.  Бујар Османи се враќа на Клиниката за дигестивна хирургија. Грковска се враќа на своето работно место во МВР, Шукова останува вработена во Министерството за животна средина, а Пенов и Алиу во приватниот бизнис.

Досега се одобрени апанажи за околу 40 поранешни функционери, од кои 36 се поранешни пратеници. Ова значи дека овие функционери во наредните 12 месеци ќе ја примаат истата плата што ја добивале како министри, пратеници, директори на јавни претпријатија… А тоа е од 1.500 до 2.000 евра месечно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ