вторник, 22 октомври 2024

МАПАС: Лицата кои имаат бенефициран стаж да изберат во кој пензиски фонд ќе продолжат

Лицата кои имаат бенефициран работен стаж, а се членови на задолжителен пензиски фонд, до 17 септември со давање изјава ќе изберат дали остануваат во конкретниот фонд. Доколку не дадат изјава нивното членство ќе се продолжи во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување – ПИОМ.

Објавено на

часот

Сподели

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) информира дека членовите на задолжителните пензиски фондови кои навршиле стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година согласно член 118 став (3) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, почнувајќи од 17 јуни 2024 година имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд, најдоцна до 17 септември 2024 година.

Во соопштението од МАПАС се вели дека изборот се врши со писмена изјава за продолжување на членство, а доколку членовите до 17 септември 2024 година не достават изјава, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане. По престанување на членството во задолжителниот пензиски фонд, пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од индивидуалните сметките на овие членови во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.

Членовите кои нема да дадат изјава за продолжување на членство остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ) од каде што ќе го остварат правото на пензија.

Истовремено, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) информира дека лицата кои во претходните години доставиле изјава за продолжување на членство, членството им е продолжено и нема потреба повторно да ја достават истата Изјава.

Повеќе информации на следниот линк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ