вторник, 22 октомври 2024
Премиерлига

Манчестер Сити ја прекина серијата без победа, нов кикс на Челси (ВИДЕО)

По четири натпревари без победа, Манчестер Сити се израдува на триумф откако со 2-1 славеше на гостувањето кај Лутон, Челси со 2-0 загуби на Гудисон Парк од Евертон.
 

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер Сити на гостувањето кај Лутон отпатува во кризна форма, имаше четири меча по ред без победа. Но работите се променија денеска.

Лутон поведе во судиското продолжение од првото полувреме кога Адебајо скокна највисоко и постигна гол со глава за водство од 1-0.

Во 62. минута Бернардо Силва изедначи на 1-1, а три минути подоцна Грилиш погоди за победа од 2-1.

Челси падна на 12. позиција на табелата откако загуби кај Евертон со 2-0. Докуре и Добин во второто полувреме беа стрелци на головите.

Изненадувачки убедлив беше Фулам кој со 5-0 славеше над Вест Хем. Сите пет гола ги постигнаа различни стрелци, погодија Хименез, Вилијан, Адарабијо, Вилсон и Карлос Винисиус.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ