вторник, 22 октомври 2024
Скандалозна одлука на англискиот клуб

Манчестер јунајтед забрани присуство на четири големи медиуми на нивните прес-конференции

Од Манчестер јунајтед потврдија дека преземат мерки против некои медиумски организации затоа што не ги консултирале за последните објави поврзани со клубот, на четворица новинари им е забрането присуство на прес-конференции.
 

Објавено на

часот

Сподели

Низ медиумите излегоа стории дека Ерик тен Хаг ја губи соблекувалната, на половина од фудбалерите не им се допаѓале методите на Холанѓанецот, па станале непослушни.

Информациите се на „Скај Спортс“ кој тврдат дека покрај тренинг методите, дел од фудбалерите не се задоволни и од третманот на Тен Хаг кој му го дава на Санчо.

„Моите информации се дека некои од фудбалерите се збунети поради тоа што се случува. Тен Хаг загубил некои елементи во соблекувалната. Еден извор ми кажа дека половина од фудбалерите се свртени против него“, изјави новинарот на „Скај Спортс“, Каве Солхекол.

На клубот не му се допаднаа овие вести, па од таму потврдија дека преземаат мерки против неколку медиумски организации, не затоа што пласираат стории кои не им се допаѓаат, туку затоа што тоа го направиле без прво да го контактираат клубот и да му дадат можност за коментар или демант.

Манчестер јунајтед им забрани пристап на четворица познати новинари на денешната прес-конференција на тренерот Ерик Тен Хаг. Забрана за влез на прес-конференцијата добија Каве Солхекол (Скај Спортс), Семјуел Лакхерст (Манчестер ивнинг њуз), Дејвид Мекдонел (Мирор) и Роб Досон (ЕСПН).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ