петок, 25 октомври 2024

Манчестер јунајтед една година не знае за победа во Европа, најлошата серија во последните 41 година (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед одигра само 1-1 на гостувањето кај Фенербахче и постави нов негативен рекорд, „ѓаволите“ една година не знаат за победа во Европа, нивна најлоша серија во последните 41 година.

Објавено на

часот

Сподели

Тен Хаг запиша уште еден негативен рекорд, под негово водство, Манчестер јунајтед една година не знае за победа во Европа, ова е најлошата серија на „ѓаволите“ во последните 41 година.

Вечерва, Манчестер јунајтед одигра само 1-1 на гостувањето кај Фенербахче против својот поранешен тренер Жозе Мурињо.

Ериксен го отвори резултатот по 15 минути игра, а Ен Несири изедначи на стартот од вториот дел.

„Специјалниот“ не го дочека крајот, откако беше исклучен поради протест за недосуден пенал во 57. минута од мечот.

Останати резултати:

Андерлехт – Лудогорец 2-0
Атлетик Билбао – Славија Прага 1-0
Лион – Бешикташ 0-1
Малме – Олимпијакос 0-1
Порто – Хофенхајм 2-0
Тотнем – АЗ Алкмар 1-0
Твенте – Лацио 0-2

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ