петок, 14 март 2025

Манчестер јунајтед е во четвртфинале, херојот е Бруно Фернандеш (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед со убедливи 4-1 го победи Реал Сосиедад и се пласираше меѓу осумте најдобри во Лига Европа, таму ќе биде и Тотнем кој со 3-1 славеше над АЗ Алкмар.

Објавено на

часот

Сподели

Мечот во Шпанија заврши 1-1, но на Олд Трафорд беше поинаку, а во главната улога беше капитенот на Јунајтед, Бруно Фернандеш.

Мечот не почна добро за англискиот тим, Ојарзабал од пенал во 10. минута донесе водство за Сосиедад од 1-0.

Но, следуваа два пенали за Јунајтед кои ги реализираше Бруно Фернандеш за комплетен пресврт и водство од 2-1.

Во 87. минута Бруно Фернандеш даде уште еден гол за негов хет-трик и водство од 3-1, а конечните 4-1 ги постави Далот во судиското продолжение.

Тотнем со 3-1 го совлада АЗ Алкмар и со вкупни 3-2 оди во четвртфиналето. Најубедлив беше Лион кој со 4-0 ја совлада романската екипа на ФКСБ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ