вторник, 22 октомври 2024

Малолетно девојче тешко повредено при судир на мопед и сеат

Вчера во 15.50 часот во полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар Маршал Тито во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со струмички регистарски ознаки, управуван од С.В.(43) од Струмица и патничко возило сеат со германски национални ознаки, управувано од Ѓ.С.(35) од село Мокриево, струмичко.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничката на мопедот, а со телесни повреди се здобила С.В., констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ