недела, 9 март 2025

Малолетник заврши во полиција откако физички нападнал момче

Малолетник бил пријавен во полиција во Неготино дека физички нападнал момче, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 13:20 часот во полициската станица Неготино, извршен бил разговор со малолетник, во присуство на родител и адвокат, во врска со пријава од А.П.(19) од Неготино, дека во неговиот дом бил физички нападнат од малолетникот и му се заканувал држејќи метален предмет“, соопштија од СВР Велес.

Предметот бил пронајден и одземен, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Синоќа пак, во 21:38 часот, во ОВР Кавадарци, Ј.С.(19) од овој град пријавил дека на улица Наќо Лазовски, бил каснат од куче сопственост на Ж.Н.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ