вторник, 22 октомври 2024

Макрон: Победата на екстремната левица или екстремната десница ќе предизвика граѓанска војна во Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека екстремно десничарската партија Национален собир и левичарската коалиција Нов народен фронт, и двете фаворити на парламентарните избори на 30 јуни и 7 јули, ризикуваат да ја втурнат Франција во граѓанска војна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Макрон за подкастот на „Генерација направи сам“ изјави дека манифестот на екстремно десничарскиот Национален собир, предводен од Марин Ле Пен и новата млада ѕвезда Жордан Бардел, се заснова на „стигматизација или поделба“.

„Мислам дека решенијата што ги дава екстремната десница не доаѓаат в предвид, бидејќи тие ги категоризираат луѓето во однос на нивната религија или потекло и затоа водат до поделби и граѓанска војна“, рече Макрон.

Истата критика Макрон ја упати и кон екстремно левичарската „Непокорена Франција“ (ЛФИ), која е дел од пошироката левичарска коалиција „Нов народен фронт“.

„Зад неа стои граѓанска војна затоа што луѓето исклучиво ги категоризира според нивните религиозни ставови или заедницата на која ѝ припаѓаат, што некако ја оправдува изолацијата од пошироката национална заедница, а во овој случај би имале граѓанска војна со оние кои не ги делат истите вредности“, рече Макрон.

Запрашан да одговори на коментарите на Макрон, претседателот на Национален собир Жордан Бардел, кој се смета дека ќе биде нов премиер доколку Национален собир освои најмногу гласови на изборите, му одговори на Макрон велејќи дека претседателот „не би требало тоа да го зборува“.

Лидерот на ЛФИ, Жан-Лук Меланшон, исто така, ги осуди коментарите на Макрон во интервју за ТВ Франс 2, велејќи дека политиката на Макрон довела до граѓански немири, како на пример на француската прекуморска територија Нова Каледонија.

Коментарите на Макрон дојдоа неколку часа откако Национален собир го објави својот изборен манифест, кој ветува ограничување на имиграцијата и ставање крај на правата на државјанство за децата родени и израснати во Франција од странски родители.

На промоцијата на манифестот во Париз, Бардел рече дека долгорочен приоритет на партијата е „да ја врати Франција на нозе“ со воведување „неопходна легислатива против исламистичките идеологии“. Детали за овој план не беа дадени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ