вторник, 22 октомври 2024

Макрон изрази солидарност со Израел во борбата против тероризмот

Францускиот претседател Емануел Макрон предложи постојната меѓународна коалиција што се бори против Исламска држава во Ирак и во Сирија, да се прошири и на борба против Хамас во Газа.

Објавено на

часот

Сподели

„Франција е спремна меѓународната коалиција против Даеш, во која учествуваме во операциите во Ирак и во Сирија, да се бори и против Хамас“, им рече Макрон на новинарите заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим, пренесува Ројтерс.

Франција е солидарна со Израел во борбата против тероризмот, изјави денеска Макрон на состанокот со својот израелски колега Исак Херцог.

„Тоа што се случи никогаш нема да се заборави. Тука сум за да ја изразам нашата солидарност”, рече Макрон мислејќи на нападот на Хамас на Израел , во кој таа милитантна група уби повеќе од 1.400 луѓе, пренесува Ројтерс.

Израел не сака да води војна со милитантите на Хезболах на својата северна граница, туку наместо тоа е фокусиран на борбата против Хамас во Појасот Газа, укажа на денешниот состанок со Макрон израелскиот претседател Исак Херцог.

„Сакам да биде јасно дека ние не бараме конфронтација на нашата северна граница, ниту со кого било друг. Но ако Хезболах нѐ вовлече во војна, би требало да биде јасно дека Либан ќе ја плати цената за тоа”, рече Херцог, пренесува „Тајмс оф Израел”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ