вторник, 22 октомври 2024

Макрон ги повика умерените политичари да се прегрупираат за да ја победат крајната десница

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги повика умерените партии од левицата и десницата да му се придружат во формирањето сојуз против Национален собир (РН) на Марин Ле Пен на претстојните парламентарни избори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој денеска ѝ се обрати на нацијата за прв пат откако го распушти парламентот и распиша предвремени парламентарни избори откако неговата партија претрпе тежок пораз на изборите за Европскиот парламент.

Во предизборниот говор призна дека направил грешки, додавајќи дека Французите го покажале своето незадоволство, но дека чувствува дека не биле слушнати.

Изборите ќе ги разјаснат работите, рече Макрон.

Тој ги повика „многубројните сонародници и политички лидери кои не се препознаваат во екстремистичката треска“ да „спроведат нов проект, владејачка коалиција, коалиција во служба на Французите и на Републиката“.

Алудирајќи на лидерот на конзервативната Републиканска партија, Макрон ја осуди политичката трговија во последните денови, велејќи дека „маските паднаа“ и некои партии сакаат да формираат „неприродни сојузи“. Повикот на претседателот на републиканците Ерик Чиоти за предизборна коалиција со РН ја поларизираше неговата конзервативна партија.

Гласањето ќе се одвива во два круга на 30 јуни и 7 јули.

На изборите за ЕП, екстремно десничарската, ксенофобична и евроскептична партија Национален собир доби најмногу гласови во Франција, додека партиите околу центристичката, либерална партија Преродба на Макрон се на второ место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ