вторник, 22 октомври 2024

Макрон бара регулација на украинскиот увоз, смета дека го дестабилизира европскиот пазар

Францускиот претседател Емануел Макрон кажа денес дека сака Европската Унија да го регулира увозот на пилешко и житарки од Украина и да дозволи пофлексибилни правила за одгледувањето во Унијата за да се смират протестите на француските земјоделци.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Макрон ова го кажа за време на официјалната посета на Шведска, а додека земјоделците ги паркираа своите трактори на автопатите во Франција и палеа сено делумно блокирајќи го пристапот до аеродромот во Тулуз.

Слични протести на земјоделците избија во повеќе европски земји, вклучувајќи ги Германија и Полска, пред изборите за Европскиот парламент во јуни, на кои се очекува поголем број гласови за десницата, за која селаните се сè поважно гласачко тело. Протести за февруари најавија и шпанските земјоделци.

Макрон кажа дека Франција сака да има „јасни мерки за увозот од Украина бидејќи имаме производи кои со количеството и квантитетот го дестабилизираат европскиот пазар на пилешко и житарки“.

Земјоделците во Франција, најголемиот земјоделски произведувач во ЕУ, велат дека не се доволно платени, дека се задушени од претераните прописи за заштита на средината и дека се соочуваат со нечесна конкуренција од евтиниот увоз.

„Што и да се случи, решени сме да одиме до крај“, кажа фармерот Жан Батист Бонгар, еден од толпата на автопат во близина на Париз.

„Ако движењето трае еден месец, тогаш ќе трае еден месец“, кажа Бонгар, кој ја преземал семејната компанија во јули и тешко му е да им конкурира на странските произведувачи кои не се оптоварени од истите прописи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ