вторник, 22 октомври 2024

Македонски концепт во Одеса договори поставување нова меморијална плоча во куќата на Мисирков

Претседателот на Македоски концепт Петар Богојески и потпретседателот на партијата Самуел Наумовски Викиус, оствариле средба со градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов и со директорот на Одделот за култура, меѓународни односи и европска интеграција, г-дин Иван Липтуга разговарале за „отворање на нова меморијална плоча во спомен куќата во Одеса во која живеел и творел македонскиот апостол и борец за македонската кауза, Крсте Петков Мисирков“.

Објавено на

часот

Сподели

„Дискутиравме за достојно одбележување на неговото име и дело со поставување на нова меморијална плоча на куќата каде што Мисирков живеел во периодот од 1909 до 1913 година, на улица Канатна, број 28. Македонски Концепт побара таа да биде задолжително и на македонски јазик и на истата да биде изгравирано македонското знаме.

Од страна на Општина Одеса беше поддржана таа идеја и дадено ветување дека постапката ќе започне за кратко време. Дополнително, побаравме отварање на легат (спомен соба) на К.П. Мисирков, со помош на македонската Влада и документација која може да се најде во украинските архиви. Исто така, ја разгледавме можноста за отворање на македонски конзулат на ова свето место за нас Македонците и за  македонската кауза. Украинската страна предложи и можност за промена на името на некоја од улиците во Одеса со несакано руско име, во иднина да го носи името Крсте Петков Мисирков или името Македонија“, се вели во соопштението на партиата кое е продолжение на вчерашното, во кое беше информирано за учеството на партијата на меѓународе форум во Одеса.

На крајот се додава дека Општината Одеса ќе започне со истражување во архивите со цел да најдат што е можно повеќе информации за делото и трагата на Крсте Петков Мисирков, како и за моменталниот сопственички статус на Куќата музеј на архитектурата и историјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ