среда, 24 јули 2024

Македонските ракометни надежи со убедлив триумф над Црна Гора го стартуваа настапот на ЕП

Ракометната репрезентација на Македонија за играчи до 20 години имаше моќно отворање на настапот на Европското првенство кое се одржува во Целје, ја совладавме селекцијата на Црна Гора со 31-21.

Објавено на

часот

Сподели

Момците на Раде Стојановиќ имаа фуриозен старт на мечот, поведовме со 10-3 и веќе се беше решено. До крајот само го сочувавме водството зголемувајќи го за уште неколку погодоци за да забележиме триумф од 10 голови разлика.

Најдобар во составот на Македонија беше Димитар Узунчев кој постигна седум голови, Субашевски и Калајџиески реализираа по пет.

Утре Македонија од 12 часот игра против Хрватска во второто коло, а последниот меч од групната фаза го играме во петок против Австрија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ