Македонската ракометна експедиција од денеска е во Германија. Веднаш по пристигнувањето момците на Кире Лазаров влегоа во сала за да одработат првиот тренинг.
Македонија на 10. јануари од 18 часот ќе го почне настапот на Европското првенство, противник ни е селекцијата на Франција.
Натпреварот ќе се игра на фудбалскиот стадион во Диселдорф кој ќе биде прилагоден за ракометни натпревари.
Покрај Франција во нашата група се уште и селекциите на Германија и Швајцарија. Мечевите против нив ќе ги играме во Берлин.