недела, 24 ноември 2024

Македонските надежи до 21 година загубија од Косово среде Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година предводена од селекторот Драган Канатларовски уште еднаш потфрли, овојпат загуби од Косово на домашен терен со 3-1.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија добро го почна натпреварот, дојде во водство со гол на Величковски во 18. минута од натпреварот, на Арјант Фазлија погоди десет минути подоцна за израмнување на 1-1.

Косово направи целосен пресврт во вториот дел, откако прво Куртиши му донесе водството со гол во 66. минута, за Куканај да го постави конечниот резултат во 87. минута.

Двата тима ќе се соочат повторно в недела од 12 часот, исто така на тренинг-комплексот на ФФМ „Петар Милошевски“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ