недела, 14 јули 2024
Изјава во Штип

Македонскиот ветер ќе дава 100 милиони евра годишно, пресмета премиерот Мицкоски

„Македонскиот ветер ќе донесе дополнителни 100 милиони евра годишно во БДП, проектот ќе го објавиме утре, заедно со инвеститорот. Ветерниот парк ќе биде изграден меѓу трите општини, Карбинци, Штип и Радовиш. Се работи за инвестицијата од 400 – 450 милиони евра“, изјави денеска во Штип премиерот Христијан Мицкоски кој денеска стапи на должноста.

Објавено на

часот

Сподели

Како што истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, вакви проекти ќе има уште во периодот што следува.

„Ова е исклучително значаен проект за енергетското портфолио на државата кој значително ќе го подобри перформансот на нашиот енергетски сектор. Нема специјални закони, нема загарнтиран откуп по загарантирна цена за 20 – 30 години, туку инвеститор кој ќе инвестира 450 милиони евра, а државата ќе добие за 100 милиони евра поголем приход во БДП што треба да донесе 20 отсто од вкупното производство на струја што ќе ја направи енергетски балансирана земјава. Во периодот што следи ќе има уште вакви убави изненадувања“, нагласи Мицкоски.

Тој присуствуваше на поставување камен-темелник на новата спортска сала Џексон направи увид во градењето на новиот булевар Илинденска, а потоа, заедно со министерот за здравство Арбен Тараври, направи увид во состојбата на штипската болница.

Порача дека новата Влада ќе гради онаму каде нејзините претхоници оставиле неуспешни проекти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ