„Изјавите за отворено мешање на косовски политичари на политичката сцена во Македонија, се еклатантно мешање во внатрешните работи на земјава, за што бараме Владата веднаш да реагира до косовските институции и меѓународните партнери.
Донесовме одлука за дипломатска офанзива со цел објаснување на процесите на нашите партнери од НАТО и ЕУ и заштита на нашите заеднички интереси од тие пројави.
Продолжуваме со засилено темпо и дополнителен фокус на темата, да се бориме против сите видови на етнички шовинизам и верски радикализам, осудувајќи го таквото поведение на сите политички и граѓански активисти и организации.
Остануваме посветени на активностите за отстранување на сите пречки за полна интеграција на Македонија во ЕУ“, се вели во денешното соопштение на Македонски концепт.