недела, 16 февруари 2025

Охриѓани бараат епископот Партениј да биде поставен за митрополит на Дебарско-кичевската епархија

По повод големиот христијански празник Богојавление, со посебна чест за охриѓани овој пат крстот ќе биде положен од страна на неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана прва, г.г. Стефан, кој администрира со Дебарско-кичевската епархија после упокојувањето на владиката Тимотеј.

Објавено на

часот

Сподели

Oхриѓани не ја пропуштија шансата да ја искажат својата радост за неговото доаѓање, и ја пресретнаа добрината негова со транспаренти во кои ги пренесоја своите желби на архиепископот Стефан, за поставување на епископот антаниски г. Партениј за митрополит на Дебарско-кичевската епархија.

Мирно и достоинствено ја изразија својата верба во вистинската татковска одлука на архиепископот Стефан и отворено ја изразија својата поддршка за епископот Партениј, барајќи го да биде поставен за митрополит на местото на дедо Тимотеј.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ