вторник, 22 октомври 2024

Македонски концепт бара од МНР да го раскине договорот со Бугарија

Националниот Комитет на политичката партија Македонски Концепт, тргнувајќи од интересите на македонската кауза, донесе одлука да достави иницијатива до министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски за констатирање на услови за раскинат билатерален Договор од страна на Република Бугарија, соопшти партијата.

Објавено на

часот

Сподели

Согласно договорот, велат од Македонски концепт, Бугарија преку донесување на Рамковна позиција, спротивна на договорот и нејзиното доставување преку Меморандум до Македонија и сите земји членки на ЕУ, на 17 септември 2020 година, формално правно го раскинала Договорот со Република Македонија.

„Цениме дека Договорот наместо пријателство, создаде непријателство, наместо унапредување, ги уназади македонско – бугарските односи. Од таа причина, бараме да прекине работата на историската комисија, да прекине важноста на скандалозните протоколи на Никола Димитров и Бујар Османи, да прекине важноста на Преговарачката рамка со ЕУ и да се изготви нова и да престанат непријателството, лошо соседството и несоработката помеѓу двете земји за да отвориме ново историско поглавје на обновено пријателство“, пишува во соопштението на партијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ