Од страна на истражното одделение соопштија дека осомничениот македонски државјанин И. Д. (54) бил фатен на дело при обид да ги пушти во оптек 96-те илјади американски долари, за кои постои сомнение дека се фалсификувани. На приведениот му е одреден притвор од 48 часа.
Полицијата соопшти дека осомничениот продавал 100 фалсификувани долари за 40 евра.
-Во полициската акција се одземени 960 банкноти од по 100 американски долари во вкупна вредност од 96.000 американски долари, возило користено во случајот од пријавениот и мобилен телефон, соопшти косовската полиција.