вторник, 22 октомври 2024

Македонските кадети загубија од Естонија

По две победи на стартот од Европското првенство Б-дивизија за кошаркари до 16 години кое се одржува во Скопје, Македонија загуби од Естонија со убедливи 76-57.

Објавено на

часот

Сподели

Стартот на мечот беше израмнет, Македонија ја загуби првата четвртина со само два разлика, беше 23-21, но потоа Естонците се одлепија и на полувремето заминаа со водство од 41-31.

Победникот беше решен во третиот период кога Естонија дополнително ја зголеми предноста на +19. Конечниот резултат беше 76-57.

Најефикасни во нашите редови беа Цветаноски со 11 и Ефтимовски со 10, додека за Естонците Стен Адамсон уфрли 23 поени.

Со овој триумф Естонија избива на лидерската позиција со шест бода како единствена репрезентација со максимални три победи, додека Македонија со две победи и еден пораз е третопласирана, ист учинок на втората позиција има и Шведска.

Утре македонските кошаркари ги чека натпревар против Австрија која е последна во групата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ