Во септември, 30-тата генерација ученици ќе го почнат своето образование во ПСУ „Јахја Кемал“. Суреа Таук е таму од отворањето на првото училиште.
Дали сте задоволен од досегашниот придонес и успесите на ПСУ „Јахја Кемал“ во образованието во Македонија?
– ПСУ „Јахја Кемал“ е основано во 1996 година со одлука на тогашната влада, и со верификација од Министерството за образование на Република Македонија, и веќе 29 години без прекин обезбедува образование. За кус временски период, нашето училиште постигна големи успеси и набрзо стана омилено меѓу граѓаните во Република Македонија. Денес, бројот на учениците во нашите градинки, основните училишта и гимназиите постојано расте, а училиштето и понатаму останува првото и најголемо приватно училиште во Македонија.
Низ годините, нашето училиште постигнува завидни успеси на националните и меѓународните натпревари, олимпијади, проекти и активности, гордо претставувајќи ја Македонија. Остануваат забележани многу златни, сребрени и бронзени медали на европски и светски натпревари во областа на: математиката, физиката, хемијата, филозофијата и биологијата. Нашето училиште беше првото во Македонија што испрати студенти на престижните светски универзитети како Харвард, МИТ, Минхен, Оксфорд, ETH, Кембриџ…, а овој тренд продолжува и денес. Поради тоа, горди сме со придонесот што училиштата „Јахја Кемал“ го даваат во македонското образование, како и со постигнатите успеси, да се натпреваруваме со светот за Македонија. Затоа продолжуваме да работиме за уште поголеми достигнувања.
Нашите ученици се личности што ги прифаќаат принципите на толеранција и дијалог во сите области и ги почитуваат човечките вредности. Образованието во мултиетничка средина им овозможува да стекнат навики за соживот, да се развијат како среќни и успешни индивидуи и да придонесат за македонската и светската култура. Визијата на нашето училиште е да ги едуцира младите, да им помогне да станат личности што почитуваат различни ставови, поседуваат високи морални вредности и се социјално ангажирани. Тоа придонесува и за подигање слободоумни млади генерации што можат да ја претставуваат Македонија во светот како модерна, правна и демократска земја.
Што е разликата помеѓу ПСУ „Јахја Кемал“ и другите средни училишта? Зошто еден родител би одлучил да го запише своето дете кај вас?
– Прв, можеби и најважен, е фактот дека нашето училиште се придржува строго до официјалните наставни програми за средно образование објавени од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието. Наставата се спроведува доследно на програмите. Во овој контекст, оние што се одговорни за планирање и програмирање на наставата работат во координација со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и Државниот испитен центар се грижат за усогласеноста со националните и меѓународните образовни стандарди, следејќи ги сите можности и иновации за подобро и квалитетно образование. Затоа, учениците што завршуваат во нашето училиште лесно се приспособуваат и го продолжуваат своето образование на универзитетите во Македонија и во светот.
Во нашето училиште, голем дел од часовите се реализираат на англиски јазик. Нашите ученици ја развиваат својата способност за говорење и пишување на англиски јазик до највисоко ниво. Дополнително, имаат можност да учат втор и трет странски јазик, како турски, германски јазик.
Грижата за безбедноста на учениците е многу важна во нашето училиште; особено им посветуваме големо внимание на дисциплината и редот во училиштето.
Во нашето училиште големо значење им се придава и на социјалните активности како студентски клубови, домашни и меѓународни патувања, разговори за кариера, одбележување на значајни денови на Обединетите нации, родителско-ученички настани.
Најголемиот извор на гордост за нас е едуцирањето на поединци што стануваат светски граѓани преку обезбедување мултинационална и мултиетничка меѓународна образовна средина. Можеби единствено училиште во Република Македонија во кое ученици од различни нации, како Македонци, Турци, Албанци и ученици од 11 различни националности учат во исти училници, каде што секој има еднакво право на квалитетно образование.
Како соработувате со образовните институции во Македонија? Со какви предизвици се соочувате?
– Нашата институција има одлична соработка со сите образовни институции во Република Северна Македонија. Пред сè, таа се одвива со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат, како и со многубројни средни училишта, основни училишта и предучилишни установи.
Оваа долгорочна и успешна соработка игра значајна улога во процесот на подготовка, организирање и спроведување на наставните планови и програми. Таа е клучна и во областа на советувањето, професионалниот развој, како и во усогласувањето со законските образовни насоки. Еден од предизвиците со кои се соочуваме е потребата за поголема и редовна поддршка во професионалниот развој на наставниот кадар. Сметаме дека е важно да се поттикне поголемо учество на нашите наставници на семинарите и обуките организирани од Министерството за образование, Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар и Државниот просветен инспекторат. Така, би се овозможил нивен континуиран професионален развој и унапредување на наставниот процес.
И покрај овие предизвици, нашата посветеност за висококвалитетно образование и конструктивната соработка со релевантните институции, ни овозможуваат постојано да ги унапредуваме нашите образовни стандарди
Училиштата „Јахја Кемал” имаат основно образование веќе 10 години.
– Како прво приватно училиште во Република Северна Македонија, повеќе од 29 години сме дел од образовниот систем и активно ги следиме сите промени во наставните програми, реформи и концепти во основното и средното образование. По барање на тогашната влада ние стартувавме со основно пилот-образование. И донесовме новини и повторно покажуваме успеси на сите нивоа.
Какви новини подготвувате за образовната 2025/2026 година во ПСУ Јахја Кемал?
– Од септември, за првпат во нашите училишта ќе се отворат паралелки со математичко-информатичка насока. Во математичко-информатичката насока ќе има 4 часа програмирање и 4 часа математика секоја недела.
Кариерен советник започна да работи во секое од нашите училишта за да им помогне на нашите ученици да ги планираат своите идни кариери почнувајќи од 6-то одделение. Овие советници се обучени од компанијата METACAREER и помагаат при тестирањето на вештините на учениците за да откријат која им е најсилната страна.
Од 3. одделение во основно училиште до 3. година во средното училиште, сите ученици ќе работат на проекти за да го подобрат своето учење. Сите проекти прво се оценуваат во училиштето под името FirSTep Project натпревар, потоа се натпреваруваат на националниот натпревар FirSTep Grand Final, а најдобрите ќе учествуваат на светски натпревари и ќе ја претставуваат нашата земја.
За повеќе ангажман на учениците по часовите, се организираат широк спектар клупски активности од страна на наставниците, професионалните тренери и учениците волонтери: Клуб за роботика, Одбојкарски клуб, Клуб на волонтери, Дебатен клуб, Новинарски клуб, Велосипедски и планинарски клуб, Уметнички клуб, Клуб за гитара, Клуб за пијано, Мултимедијален клуб, Клуб за готвење, Клуб за кошарка…
Ја користиме платформата My EduCare за информирање на родителите. Оваа платформа нуди функции како што се: моментално информирање, белешки, отсуства, тестови, домашни задачи и директна комуникација со наставниците.
За да го подобриме квалитетот на образованието во училиштата, започнуваме со ангажирање експертни наставници како координатори на образованието. Овие координатори спроведуваат области како што се подобрување на квалитетот на образованието во училиштето, учење настава, обука на наставници и развој на образовни проекти.
Дизајнот на училишните библиотеки е обновен со цел да се обезбеди средина каде што средношколците ќе можат да истражуваат и учениците од основните училишта задолжително да читаат во библиотеката еден час неделно. Се создава удобно, добро опремено, модерно библиотечно опкружување, кое ќе го привлече вниманието на студентите.
Спортските терени во училиштата ќе бидат обновени со гумени подови и со терени за минифудбал. До септември ќе биде отворено игралиште од вкупно околу 2.000 квадратни метри и тие ќе бидат дизајнирани да одговараат на потребите на учениците од сите возрасти.
Во училишните згради во Карпош и Струга, како и во училиштето во Тетово, се градат нови конференциски сали. Овие сали ќе се користат за конференции, семинари, натпревари и активности.
Нашите компјутерски лаборатории се обновуваат, а во секое училиште се надградуваат лаборатории за информатика и роботика, кои се речиси завршени и опремени со најсовремената технологија.
А.Д.