сабота, 3 мај 2025

Села: Обединета Алијанса за Албанците, ама без Таравари

Акробациите на овие владини експоненти не се важни, а најдобар начин да се извади вистината е да се молчи и да се гледа како се исполнуваат сите прогнози што ги имавте пред една година, кога почнаа случувањата во Алијансата за Албанците, изјави Зијадин Села за ТВ21 по повлекувањето на Арбен Таравари од владината коалиција Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

Го познавам овој политички актер кој ги прави овие потези, изјави претседателот на Алијанса за Албанците и дел од Европскиот фронт, Зијадин Села одговарајќи на прашањето зошто одбрал молк пред случувањата во коалицијата Вреди одлуката на министерот Арбен Таравари да оди со посебна листа на советници на локалните избори наесен.

Пратеникот вели дека имало континуирани напори на прашањето дали постоеле иницијативи за обединување на двете крила на Алијансата за Албанците. Сепак, Села тврди за да постои обединета АА, Таравари треба да поднесе оставка, односно партијата да биде без него.

„Извини, ама за што да простам? Другиот треба да ја побара прошката, за да му биде простено. Не е тоа тежина. Ако минатата година имавме дебата за тоа како треба да настапи Алијансата, а денес завршуваме таму каде што јас мислев дека ќе завршиме, тогаш верувам дека треба да се побара прошка. А ако сериозно си ги прекршил партиските структури, политичката организација на Алијансата за Албанците, дејствувајќи по своја волја, а не според одлуките на Централното собрание и си правел коалиции, тогаш, секако, му должиш јавно извинување на целото членство на АА, па и на оние што беа манипулирани од идеите на овој господин, за кого гледаме каде завршува денес. Кога политичар бара прошка, сметам дека таа треба да биде конкретна, а не само празен збор. А тоа е оставка“, изјави Села.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ