недела, 27 април 2025
Рајко Пеколски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Избори

Повести за многупоучните бесрамно бесмислени и несомнено вистинити авантури на многунепочитуваниот даночен обврзник потрошувач гласач и дисциплиниран пушач Неговото граѓанско Височество - граѓанинот Шљупков и за тоа како тој виде посведочи и доживеа многу згоди и незгоди во Апсурдистан и северно од него извлекувајќи високопоучни слова за граѓанските доблести на послушноста политичката коректност јавниот ред и морал правото и демократијата или скратено – таму негде јужно на север.

И покрај тоа што сите услови за фер и демократски избори во Апсурдистан беа задоволени: ветерот дуваше од политички коректен, северен правец, сонцето изгреваше од демократски подобната, западна страна, на тие избори не гласаше никој, освен граѓанинот Шљупков. Да биде белјата поголема, граѓанинот Шљупков имаше заокружено само бел простор негде во аголот на гласачкото ливче.

Ова ја стави Метафизичката управа во сериозна дилема. Најпосле, Управата ги прогласи изборите за успешни, прогласувајќи ја партијата на Ништото за победник. Имено, Шљупков ја заокружил празнината, а празнината е носител на Ништото, па така претседателот на партијата на Ништото требаше да состави влада. Но кој беше претседател на партијата на Ништото?

Откако од Метафизичката управа го бараа претседателот на Ништото под дрво и камен (а богами, и во неколку странски амбасади!), утврдија дека тоа е граѓанинот Шљупко Шљупков. Имено, никој не беше толку често нарекуван и третиран како Никој и Ништо во Апсурдистан како граѓанинот Шљупков.

Но бидејќи Шљупков беше Никој и Ништо, „никоистите“ се отцепија и формираа своја посебна партија, партијата на Никој, и отидоа во опозиција. Имено, за демократските процеси да бидат легитимни, многу е важно да постои опозиција. И сонцето да изгрева на запад, а ветрот да дува од север.

Како и да е, Шљупков состави нова влада. Партијата на Ништото ја изгласа новата влада со двотретинско мнозинство. Новата влада воведе серија реформи со цел надминување на политичката криза и афирмативна политичка клима во Апсурдистан (согласно препораките на Метафизичката управа): најпрвин, двојната негација беше забранета, а потоа и негацијата воопшто, на секого му беше дозволено со закон да биде никој; Ништо и сѐ беа прогласени за еднакви…

А кога една вонпарламентарна партија побара предвремени избори, Метафизичката управа одговори со распуштање на времето.

           Рајко Пеколски

КОЛУМНИ

Јове Кекеновски

Малодушноста на беровските локални власти

Џудит Одентал

„Од каква корист се девојките?“ – Жени кои направиле револуција во...

Ристо Цицонков

Јагленот нема да се отстранува од употреба како што беше предвидено...

Рајко Пеколски

Заменки

Џефри Сакс

Раѓањето на новиот меѓународен поредок

Флориан Несими

Распадот на коалициите и демократијата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ