четврток, 22 мај 2025

Зеленски: Нашите сили продолжуваат со операции во одредени области на Курск и Белгород

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави денес дека украинската војска ги продолжува операциите во рускиот регион Курск, што е спротивно на соопштението на Москва за целосно ослободување на таа погранична област.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нашите сили продолжуваат со активни одбранбени операции во одредени подрачја на (руските) Курска и Белгородска област“, наведе Зеленски на социјалните мрежи.

Украински воени функционери вчера ги негираа тврдењата на Генералштабот на руската војска дека руските сили го ослободиле Курск.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ