четврток, 25 јули 2024

Македонија убедливо поразена од Црна Гора

Тениската репрезентација на Македонија доживеа пораз од 3-0 во мечот од првото коло од Дејвис купот од Третата Европска зона во Улцињ од домаќинот Црна Гора.

Објавено на

часот

Сподели

Во првиот сингл меч Берк Бугариќ загуби од Петар Јовановиќ со 2-0 во сетови (62 75). По загубениот прв сет, Бугариќ заигра подобро во вториот кога беше нерешено до 5:5, но последните два гема му припаднаа на домашниот тенисер, кој обезбеди водство од 1-0 во мечот. Во вториот меч за Македонија настапи Шендрит Деари, кој загуби од Резарт Чунгу со 2-0 во сетови (61 63). Во вториот сет Деари водеше со 3:2 во гемови, но противникот направи серија од четири гема за победа во мечот и водство на Црна Гора од 2-0, со што познат беше и победникот во мечот.

Во дуелот на двојки Димитар Грабул и Амар Хусеиновиќ поведоа со 1-0 во сетови откако првиот сет го добија со 6:2 во гемови, но брзо противниците изедначија на ист начин и го добија сетот со 6:1 во гемови за 1-1. Во решавачкиот сет македонскиот дубл имаше брејк предност и водство од 4:1, но противниците изедначија до 5:5, а потоа во 11-тиот гем направија брејк и сетот го завршија со 7:5 и победа од 2-1 во сетови.

Утре нашите тенисери ќе играат против фаворитот во групата А селекцијата на Словенија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ