петок, 25 октомври 2024
ЕП 2024

Македонија тргна одлично против Франција, па застана, имаме четири негатива на полувреме

Ракометната репрезентација на Македонија губи со 17-13 од Франција по првото полувреме во воведниот натпревар на Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Македонската репрезентација одлично го отвори натпреварот, бевме рамноправен противник на силната Фрацнија, водевме со 10-8, имавме напад и за три разлика, но не реализираше Филип Кузмановски.

Следуваше тајмаут за Франција по кој тие направија серија од 6-1 и поведоа со 14-11. До крајот на првиот дел мечот беше рамноправен, на полувремето Македонија замина со негатива од четири голови, 17-13 за Франција.

Џонов со четири голови е најефикасен во составот на Македонија, Кузмановски има три, одличен на голот е Никола Митревски. Не можеме да најдеме решение за Деска кој со шест погодоци е најдобриот голгетер кај Французите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ